Реклама
Новости

Цел свет се смее поради новото лого на шпанскиот бренд Зара

Реклама

Шпанската „ZARA“ го претстави своето ново лого дизајнирано од страна на агенцијата „Baron & Baron“.

Логото, кое прв пат е сменето од 2010 година, сега го заменува вишокот простор во стариот дизајн со преклопени букви. Буквите сега се малку поголеми кои се преклопуваат, па корисниците на социјалните мрежи се шегуваат дека станува збор за истото лого, само нејасно напишано.

Маркетинг

 

 

Новото лого, доби големи критики од познати дизајнери.

Познатиот дизајнер Ерик Спајкерман го нарече „најлошото лого кое што сум го видел со години”, додека други ја искористија можноста да го користат логото како зафрканција на социјалните мрежи.

 

„Новото лого на ZARA е како кога бројот 42 се обидува да влезе во број 36,” „Новото лого изгледа како јас кога се обидувам да влезам во нивната облека “, се шегуваат поради едноставниот дизајн корисниците на Твитер.

 

 

Па, дали ви се допаѓа новото лого на Зара?

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button