Хурем се прошета во проѕирен фустан, а кога се сврте настана молк – обожавателите шокирани од она што го гледаат (фото)
Мерјем Узерли ги изненади сите со ова издание
Познатата Хурем од серијата Сулејман Величествениот вчера во Кан се прошета во најпровокативното издание досега.
Имено, убавата турска актерка на црвениот килим се појави во проѕирен фустан со кој во преден план ја стави својата „позадина“ и ги остави сите без зборови.
Фотографијата без цен*ура можете да ја видите на нејзиниот Инстаграм
Таа и минатата година носеше провокативно издание, но тогаш во прашање беше „само“ раскошна тоалета со длабок шлиц и уште подлабоко деколте.
Тогаш турската актерка која се прослави со нејзината улога на султанката Хурем во хит серијата Сулејман Величествениот предизвика и лавина негативни коментари бидејќи многумина се посомневаа дека направила пластична операција на своето лице. Имено, актерката која во серијата како султанка не носеше ништо ризично и речиси постојано беше покриена од глава до пети, на фотографиите од Кан изгледаше како да ги зголемила усните и како да претерала со ботоксот, а обожавателите се сомневаа и дека ги корегирала јаболчиците бидејќи беа истакнати како никогаш претходно.
„Боже, што направи со усните, огромни се.“, „Премногу ботокс, зошто? Изгледаше прекрасно!“ „Целата си пластична“ беа само дел од коментарите што тогаш можевме да ги прочитаме на социјалните мрежи. Негативните коментари не сопреа и покрај тоа што во преубавите фустани што ги носеше на црвениот килим изгледаше како никогаш претходно.
https://www.instagram.com/p/Bi40kEvAPA0/?utm_source=ig_embed
Но Хурем очигледно премногу не е загрижена за негативните реакции, а тоа можеме да го заклучиме и со провокативното издание во кое се појави годинава на црвениот килим. Таа престојот во Франција и овој пат максимално ќе го искористи за уживање и одмор, а нејзините верни обожаватели се нестрпливи да ги видат новите фотографии.