ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Короната во Македонија ја покажа пожртвуваноста и мотивот да се помогне на другите (ФОТО)
Се уште има хумани луѓе.
Новонастанатата состојба наречена корона криза кај многумина од луѓето ја разбуди хуманоста и пожртвуваноста. Па така на социјалните мрежи има голем број на хумани граѓани кои сакаат да им помогнат на останатите.
Овој скопски пазарџија реши 2 килограми лимони да ги продава за цена од 150 денари додека на другите места лимоните чинат и до 200 денари за килограм. Воедно тој дава и гратис зелен салата.
И на кумановскиот пазар еден пазарџија делеше бесплатно компири и лимони.
Еден скопјанец денеска апелираше за помош на достава на зготвена храна за време на полицискиот час кој почнува порано за викендите.
-Апел до сограѓаните, поради полицискиот час кој за викендот почува во 16 часот, сакам на секое семејство кое не може да си дозволи порција ручек да му донесам.Ако има некој во вашето мало слободно побарајте ме јас ќе му донесам топол оброк, напиша скопјанецот во својата објава на Фејсбук.