Реклама
Коса

Холивудски фризер ја открива тајната како Џенифер Анистон ја одржува бојата на косата

Реклама

Топлите летни месеци не ни се баш благонаклонети кога е во прашање одржувањето на нашата коса

Преку лето нашата коса е изложена на штедни влијанија како поради сонцето, така и поради некои други фактори како што е на пример хлорот што се става во базените. Затоа ако сакаме совршена фризура преку летните месеци, потребно е да вложиме малку повеќе труд од вообичаеното.

Маркетинг

Познатиот фризер Мајк Канале чии клиентки се познатите девојки како Џенифер Анистон и Кејт Хадсон, открива неколку совети како да ја одржиме совршената нијанса на косата во текот на летните месеци.

„Работата со Џенифер секогаш е многу едноставна. Која боја и да ја сакаме, секогаш се враќаме на природниот изглед“, објаснува познатиот фризер додавајќи дека познатата актерка ги сака песочните нијанси.

Маркетинг

Што се однесува до Кејт Хадсон, овој фризер и ја одржуваше бојата на косата и за време на бременоста.

„Имаше многу кратка коса и на нејзината пролетна фризура и ги осветливме врвовите, кои многу добро се вклопија во целосниот изглед. За таа намена употребив посебна техника за чешлање, со нанесување на боја далеку од коренот на косата, бидејќи беше бремена“, вели Мајк.

Еве и неколку генијални совети за одржување на коса преку лето на овој познат фризер:

„Преку лето обидете се да избегнувате жешки алатки за обликување на коса како пегла, фигаро или фен, на висока температура. Кога сте во можност оставете ја косата природно да се суши. Користете ги производите за хидратација како косата дополнително не би се сушила поради високите температури, и секако препаратите наменети за фарбана коса“, вели фризерот додавајќи и дека косата преку лето најдобра е да ја заштитиме со шешир или капа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button