Холивуд не може да ги запре солзите: Во страшна несреќа загина омилениот лик од филмовите и трите негови деца

Американските медиуми пренесоа вест за страшна сообраќајна незгода во која животот го загуби познат лик од холивудските филмови.
Познатиот холивудски каскадер, Тараја Рамзес, загина во сообраќајна несреќа заедно со неговите три деца.
Тој беше најпознат по неговата работа на филмовите „Црн Пантер“ и „Одмаздници“.
Тараја загина на 31 октомври, кога со својот автомобил удри во расипана трактор-приколка на излезот на автопатот Џорџија.
Тој починал, како и неговата ќерка Сундари (13), синот Кисаси (10) и ќерката Фуџибо која имала само 8 недели.
Тригодишната ќерка на каскадерот преживеала и моментално е во болница.

Страницата GoFundMe објави дека прифаќа донации кои ќе одат директно до семејството, за погребната церемонија.
Кисаси Адебахо им се придружи на отец Тараја и сестрите Сундари и Фуџибо на нивното патување… Господ нека ги благослови нивните души. Ќе ви недостигате“, напиша на Инстаграм Акили Рамзес, мајка на познатиот каскадер.
View this post on Instagram




