Реклама
Наши ѕвезди

Хитот на Цеца „Громе мој“ за малку ќе одеше кај друга пејачка: Еве како Марина Туцаковиќ се предомислила во последен момент

Реклама

Композиторот и продуцент Александар Милиќ Мили раскажа во емисијата „Премиера“ какво искуство имал со Маја Беровиќ на почетокот од нејзината кариера.

Имено, тој и Марина Туцаковиќ работеле со Маја на нејзиниот прв албум „Живот во живо“, кој е објавен 20027 година, а во исто време работеле и на албумот на Светлана Цеца Ражнатовиќ „Идеално лоша“, кој излегол година дена порано, па се случило песна која ја наменил за младата пејачка на крајот да ѝ припадне на балканската дива.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/CDLl5i6pVqW/?utm_source=ig_embed

– Маја сакаше да учи додека бевме во студио. Се гледаше дека може да направи кариера и дека има огромен потенцијал. На албумот кој паралелно ѝ го правев на Цеца веќе ги имавме „Пиле“, „Понуѓен ко почашќен“, „Манта“ и тогаш ја направив песната „Лепи громе мој“, но ми се чинеше дека таа не се вклопува во албумот на Цеца. Затоа таа песна ја работев за Маја, но кога Марина ја слушна, ми рече „ова е фантастична мелодија, ова ќе го заокружи албумот на Цеца“ и така на крајот таа песна отиде кај Цеца, а не кај Маја, раскажа Мили.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/CBqZsilJLTa/?utm_source=ig_embed

Маја Беровиќ исто така беше гостинка во споменатата емисија и оваа информација многу ја изненади.

https://www.instagram.com/p/CBAz9IvpdvA/

– Не го знаев тој податок. Нема да кажам дека песната „Лепи громе мој“ не е добра песна, таа е хит. Песната отиде во добри раце, а во тој момент не би знаела да ја изнесам толку добро, зошто таа песна е Цеца, изјави Маја.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button