Хит фотки: Нашата позната пејачка покажа како сопругот ја чува ЌЕРКИЧКАТА – фановите воодушевени од таткото цар!
Нивните семејни фотографии за рај за очите, а видеата кои ги снимаат заедно со нивната ќерка секогаш успеваст да ја развеселат публиката.
Македонската пејачка Сара Косѕадиновска или во јавноста позната како Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски се родители за пример.
Сара и Димитар важат за еден од најскладните парови во земјава, а нивната љубов уште од самиот почеток е јавно експонирана, поради прордата на нивните професии.
Често на социјалните мрежи споделуваат и приватни фотографии и ги споделуваат убавите моменти и со фановите.
Тие се венчаа во 2017 година и направија традиционална венчавка со сите македонски обичаи.
За таа пригода невестата избра тесна венчаница со впечатливи транспарентни делови која ја истакна нејзината линија, а пак долгата коса придонесе за ултра впечатлив ефект.
На веселбата која се случи во еден познат скопски ресторан присуствуваа многу гости, меѓу кои секако и доста колеги од шоу-бизнисот како од страната на мледоженецот, така и од кај невестата.
Плод на љубовта меѓу Димитар и Сара е нивната ќерка Илина.
Таа е центарот на нивниот свет, а гордите родители се трудат секој момент да го поминст со неа. Каде и да одат секаде Илина оди со нив.
Она што може да се забележи на фотографиите објавени на нивните социјални мрежи е тоа дека Илина вњќе расте во прекрасно девојче, добро воспитано и безгрижно.
Летото и годишните одмори започнаа, па ива семејство сега има повеќе време да биде заедно.
Деновиве Сара сподели интересно видео на кусите приказни на Инстаграм и покажа како Димитар ја чува Илина.
Креативниот татко се труди на секој можен начин да ја развесели својата ќерка, па прави сѐ за да ја анимира и да ѝ го задржи вниманието. Додека заедно јадеа Димитар на очи имсше ставено очила за нуркање и во исто време ѝ раскажуваше приказни на Илина, со цел да ја мотивира што е можно повеќе да изеде од зготвеното.
Сара го сними овој момент и го сподели со фановите, а во опис напиша: “Од рубриката татко цар”.
Во интервју за „Гламур“, Сара откри колку се променила откако станала мајка.
„Највеќе си ја чуваме јас и Димитар па така не пропушатме ниту еден нов момент од нејзиното созревање. Тука се и нашите родители, братучетка ми или прабаба и’, така што, од сите страни е во добри раце ? а дали сум сменета? Па, не знам…. мислам дека да, но позитивно… Открив нова димензија ЉУБОВ…. #Илина“ вели Сара.
И покрај тоа што на гледачите им изгледаат како совршено семејство без кризи и проблеми, Сара за првпат во емисијата „Жешко столче“, проговори за кризата во бракот со водителот Димитар Атанасовски.
„Не ни одеше. Да речам имавме една брачна криза, тоа беше лани. Неколку месеци морам да признаам беше тешко. Беше да се биде или не. Сега вака после една година не можам да бидам сигурна и да го детектирам проблемот, ама мислам дека и на двајцата ни беше голема промена моментот кога станавме родители. Улогата да бидеме родители ни дојде отповеќе, ни беше нејасно, бевме збунети…, рече во својата прва интимна исповед Сара и додаде дека и покрај се многу е благодарна за се што и се случило бидејќи и било голема животна лекција.
Научив како да ми е поубаво на самата себе, како да му е поубаво на моето семејство, како повеќе да ги разбирам другите…”, додаде Сара.
Љубовта е посилна од сѐ, а нивната љубов е доволно силна за да се надминат сите предизвици.
Парот ужива во секој заеднички момент, а тоа го докажуваат следните фотографии: