Холивуд

Хајди Клум со изборот на овие необични обувки само ја потврди нивната популарност

Advertisement

И покрај преубавиот комбинезон што го носеше Хајди Клум деновиве во Њујорк, целото внимание го украдоа нејзините стапала.

Advertisement

Имено, познатата манекенка носеше женствен зелено-црн комбинезон со прерамки зачинет со преубав тропски дезен во комбинација со тренди чанта и очила за сонце, и двете во силна зелена нијанса, но нејзиниот преубав избор остана во сенка на неочекуваните обувки.

Имено, во прашање е тренд кој го најавија многу познати дизајнерски куќи, а досега ретко која дама го носеше. Станува збор за апостолки кои брендовите како Мајкл Корс и Изабел Марант ги рангираа како едни од најпопуларните обувки од летните колекции со што само ја најавија нивната слава, а познатата манекенка сега и го потврди тоа.

Во прашање е робустен модел со дебел ѓон и ременчиња, а ова лето во мода се и поедноставни, класични модели какви досега најверојатно сте носеле само на летување. Но како што предлагаат познатите дизајнери оваа сезона со нив слободно можете и на работа, секако ако тоа го дозволува кодексот на облекување на вашето работно место.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button