Медиумите шпекулираат дека е во блажена состојба
Една од најпознатите манекенка и на свето Хајди Клум се забавува со 17 години помлад маж, член на популарниот бенд „Токио хотел“, Том Каулиц.
Хајди која има 45 години со нејзиното 29-годишно момче почна да се забавува минатогодишниот март, а се свршија на Бадник. Цел свет очекува дека убавата манекенка наскоро ќе го објави и датумот од нивната свадба, а медиумите шпекулираат и дека Хајди е веќе бремена.
Тие во моментов престојуваат во Берлин каде се и децата на Хајди Лу (9), Хенри (14), Џон (12) и Хелена (15) кои одлично го прифатија нејзиното момче.
Манекенката редовно преку социјалните мрежи ги известува своите обожаватели за своите следни чекори, а на нејзиниот профил можат да се видат многу заеднички фотографии на кои страсно се гушкаат и бакнуваат.