Халид Муслимовиќ на гости кај Јордан Митев – еве како уживаат во неговото родно село Подареш (фото)
Пејачот покажа како се живее во неговото семејство
Момент за паметење!
Пејачот Јордан Митев објави фотографија на која е со неговите најблиски, но и со еден гостин со кој ги изненади сите.
Познатиот фолк-пејач Јордан Митев во октомври месец минатата година прв пат се оствари во улога на родител.
Тој и неговата сопруга Славица тогаш ја добија ќерката Кристина која се роди во Австралија, додека пејачот беше на турнеја.
Принтскрин/ Јутјуб
Тие не ја кријат среќата колку се среќни заради приновата која донесе среќа и голема радост во нивниот семеен дом, а пејачот сега сподели и интимен момент што ги разнежи сите.
Имено, тој сподели фотографија на која е и неговата сопруга, но и татко му и мајка му што кажува на тоа дека имаат убав однос.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Тие седат на трпезариската маса во нивната семејна куќа во родното село на Јордан, Подареш, а на фотографијата се гледа и бебешкото столче на нивната ќерка Кристина, но и еден гостин кој ги изненади сите.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Станува збор за познатиот фолк-пејач Халид Муслимовиќ кој наскоро својата публика ќе ја израдува со песна и тоа од срцето на Македонија.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Главен виновник за овој негов нов хит е токму Јордан, односно неговата песна „Ајде сите на нозе“, која што ја препеа Халид.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Јордан објави неколку фотографии и од студиото, па публиката нестрпливо го очекува новиот хит за кој Халид ќе сними и спот.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
„Добрата песна ќе си го најде својот пат, порано или подоцна, колку и да сакаат некогаш да ја маргинализираат, а со тоа и да ве маргинализираат како човек. Вистинските луѓе не мора да ги барате, сами ќе ве најдат. Наскоро ‘Ајде сите на нозе’ во изведба на една од најголемите легенди на балканската фолк музика, Халид Муслимовиќ“, напиша Јордан деновиве кога откри за сорботката со познатиот пејач.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев