Фрчкоски не сакаат да коментираат за РАЗВОДОТ
Ова беше нејзин прв брак, додека пак на Фрчкоски му беше втор
Професорот Љубомир Фрчкоски и неговата сопруга Ирена Фрчкоска се разведуваат по речиси две децении брак.
„Тие заеднички ја донесоа оваа одлука и остануваат во коректни односи. Разводот е спогодбен, сепак Ирена и Љубомир заедно поминаа речиси две децении, и во име на тие заеднички години и убави моменти и спомени кои ги имаат, на достоинствен начин се носат со оваа одлука“, изјави изворот за „Фокус“.
Маркетинг
Во меѓувреме, оваа информација ја потврди и самата сопруга на Фрчкоски.
„Точна е информацијата за разводот. Ние ќе останеме во коректни односи во интерес на децата и ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност“, изјави таа за „Фокус“.
Ова беше нејзин прв брак, додека пак на Фрчкоски му беше втор. Имаат две деца, син и ќерка.
Фрчкоски е шеф на Мисијата на Македонија при Организацијата на обединетите нации и живее во САД, а неговата поранешна сопруга останува да живее во Скопје.