Фрлиле порака во шише во Рајна, по 8 години добија одговор од другата страна на планетата
Кога Џулија Гогос од Бон со своите деца пред 8 години во Рајна фрлила порака во шише, не очекувала дека ќе отпатува дури до Нов Зеланд.
Така, по пошта им стигна писмо од семејството Џој од Нов Зеланд напишано на 7. февруари, во кое пишува дека шишето со порака е пронајдено во Окланд, поминувајќи 18.000 километри.
„Драги Сила, Фрида, Маја и Јон, ја пронајдовме вашата порака во шише и ви ја праќаме назад од Окланд, Нов Зеланд“, стои во писмото потпишано од Скот, Џулија, Леа и Алис Џој.
Маја и Сила Гогос сега имаат 12 и 14 години и биле многу возбудени поради писмото. Жал им е што, наоѓачите не ја приложиле својата адреса па ќе се обидат со нив да стапат во контакт преку Фејсбук. Таткото Кристијан Гогос на таа социјална мрежа објави фотографија од писмото, но засега не примил никаква информација за кое семејство од Нов Зеланд станува збор.
„Сакавме да знаеме повеќе за тоа каде точно шишето е пронајдено, во каква состојба е сега и дали можеби го задржале“, рече Џулија.
Никогаш не биле на Нов Зеланд, но веруваат дека писмото би можело да биде знак да ја посетат таа држава.