Фотографијата што ја објави Сашко Коцев растажи многумина – му беше како брат, почина млад!
Сашко Коцев скршен од болка, објави тажна фотографија на која е со својот починат пријател
Беше омилен меѓу колегите…
Сашко Коцев објави една заедничка фотографија на која е со сопругата и неговиот починат колега Славиша Кајевски.
Поминаа две години од смртта на младиот актер Славиша Кајевски кој трагично почина на 39-годишна возраст.
Сашко Коцев покрај тоа што беше колега со него, тие беа и многу добри пријатели, па познатиот актер на денот на неговата смрт објави една стара заедничка фотографија со која сите ги растажи.
Фото: Фејсбук
Покрај нив двајцата на фотографијата е и сопругата на Сашко, Смиљана Бундевска, а под фотографијата актерот напиша:
„Две години“, напиша Коцев и додаде тажен емотикон.
Инаку Славиша беше еден од нашите најпознати актери од помладата генерација, а на театарската сцена ќе остане запаметен по бројни театарски улоги. Речиси и да немаше добра претстава без тој да се појави и да одглуми некој од ликовите, а го гледавме и в најпознатите македонски филмови „Превртено“, „Хомо“, „Бал-кан-кан“, „Караула“, „Скопје ремикс“ и многу други.