Фотографија што ни го разубави денот: Ѓоко Јовиќ го покажа својот НАСЛЕДНИК, ќе се растопите од тоа колку љубов има на сликата!

Синот на Ѓоко Јовиќ се вика Дарин и пристигна во октомври

Пред нешто повеќе од три месеци познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга Ивана по четврти пат се остварија во улога на родители.
Тие тогаш го добија синот Дарин, кој сега е најмладиот член во нивното многудетно семејство.
Ѓоко кога се роди малиот Дарин напиша дека неговата сопруга е вистински херој, а времето што помина од тогаш е најсреќниот период во нивното семејство. Тие покрај синот, ги имаат и ќерката Теодора и синовите Михаил и Јован, кои се радуваат и помагаат околу нивното братче.
Тие живеат вистинска семејна бајка, а колку пејачот ужива во татковството можеме да видиме и од неговиот Инстаграм.

Имено, популарниот пејач редовно објавува фотографии на кои е со својата сопруга и нивните деца, а овој пат, откако објави фотографија на која се гушка со еден од своите синови, Јовиќ им ги растопи срцата на своите бројни обожаватели од Македонија и дијаспората.

Многумина се израдуваа и разнежнија кога го видеа Ѓоко во ова издание, посебно од емотивната порака што пејачот ја напиша.
На фотографијата постарото братче на Дарен го бакнува својот татко, а врз фотографијата пишува.
„Не сум знаел дека човек со бакнеж може да се стопи“, стојат како коментар зборовите на Јовиќ.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
