Фотографија од Карлеуша ги шокираше фановите на Инстаграм – итно хоспитализирана, докторите се бореле за нејзиниот живот?!
Многумина се запрашаа што и се случило на пејачката?!
Јелена Карлеуша ги загрижи своите фанови кога на својот профил на Инстаграм објави фотографија од болница.
Имено, популарната пејачка сакајќи да им се заблагодари на персоналот и докторите во болницата објави фотографија на која се гледа како прима инфузија.
Таа во описот на фотографијата напиша и што се случило:
„Им се заблагодарувам на прекрасните луѓе од Ургентниот центар… Некогаш убод од оса може да се претвори во гушење и отекување, но и во запознавање на прекрасни луѓе што спасуваат животи“, напиша Јелена Карлеуша со емотикон срце.
Пејачката објави фотографија на која се гледа како лежи во болнички кревет и прима инфузија.
Инаку, пејачката се огласи и во врска со својот нов албум. Еве што напиша таа на социјалните мрежи:
„Изморена сум од константно пишување и прашување кога ќе биде новиот албум. Албумот ќе излезе ова лето! наскоро ќе објавам повеќе информации и јавно/ официјално најавувам се“.
„Повеќе од година дена беше и Ковид кој забави се, моите песни и во овој момент се ултимативни хитови во сите клубови каде се пуштаат и свират во живо во голем број, бидејќи јас не сум некој што снима песнички кои траат по месец дена. Хитовите што ги снимив и пред 10-15 години звучат како да се снимени сега, само подобро и поквалитетно од сето она од 3 динари што го има во моментот. Младите немаат вкус и тоа е ок, ќе им ја поправам таа состојба“, пишува Карлеуша и продолжува:
„Според тоа, јас разбирам дека дојде до промена на генерацијата на која одново треба да им објаснувам и цртам, но мојата музика не старее како ни јас“, напиша балканската поп-дива на својот профил на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша