Фудбалерот Емилијано Сала пред две недели исчезна по што почна голема потрага по него, но властите за кратко време се откажаа затоа што не пронајдоа ништо. Потоа семејството откако собра пари од донации реши само да почне приватна потрага, која на крајот вроди со плод.
Авионот во кој леташе Емилијано Сала од Нант во Кардиф беше пронајден во неделата на дното на морето во англискиот канал, а во текот на вчерашниот ден беше откриено и неидентификувано тело.
По потврдата дека во авионот има тело, сестрата на Сала објави емотивна порака на Инстаграм, а по неа и еден пријател, чија фотографија го „скрши“ срцето на пошироката јавност.
https://twitter.com/JuanDirection58/status/1092516290621726721
„И Нала те чека“, напиша Ромина.
Еден од пријателите на Сала објави фотографија од неговиот дом, а во центар на внимание беше кучето на Сала.
Тоа веќе две недели седи покрај прозорецот и го чека сопственикот, односно Сала да се врати, но најверојатно такво нешто нема да дочека.