Фотографии што ја потресоа Македонија – младо момче живее во МИЗЕРНИ услови, најдобри другари му се уличните кучиња (фото)
Приказната за младиот Илија Крстев од Кочани ја потресе цела Македонија. По објавувањето на неговата сторија многу хумани граѓани се обидоа да му помогнат.
Лидија Јецки на својот профил на Фејсбук сподели апел за помош на момчето од Кочани кое живее во ужасни услови и неколку кучиња околу себе.
Како 18-годишник, тој морал да се пресели од Скопје во својот роден град во Кочани, каде останал сам со себе. Живеел во куќата на неговата мајка која е сместена во клиника за ментално здравје.
Според објавените фотографии на социјалните мрежи, може да се забележи дека неговиот дом е преполн со смет, а тој не може сам да се снајде да воведе ред.
Пред шест месеци побарал помош од социјалните служби, но ништо не се случило.
Како што напишала Лидија Јецки, Иле на себе носел кошула со кратки ракави, стари пантолони, палто старо околу 50 години, како и чевлите што ги носи. Тој имал скршен кревет, немал вода, а немал ниту греење.
Еден од соседите на Иле го повикал Иле на новогодишната ноќ да остане кај него неколку часа за да не биде сам и да биде топло.
Му дал и храна за него и кучињата. Неговата реакција со солзи радосници во очите била: „Благодарам, немав пробано сирење 5 години. Дали вака треба да биде и во 2021 година?“
Во едно од видеата што се сподели на постот Иле вели:
-Јас сум Илија Крстев роден 1994 година во Кочани. Живеев во домот за деца без родители во Скопје 11 октомври, а подоцна и во 25 мај. Сега дојдов тука за да ја кренам куќата, поднесов за социјална помош, но чекам шест месеци. Желба ми е да најдам работа нешто, кажа Иле во таа прилика.
Помош за Иле освен во Македонија, собирале и граѓаните од дијаспората, но тој на социјалните мрежи сподели дека парите се уште не се стигнати до него, но сепак се заблагодари на сите хумани луѓе кои сакаат да му помогнат.
-Сограѓани, прво сакам да ви се заблагодарам од мое име за донациите за покуќнина, храна и други средства. Посебно сакам да се заблагодарам на Здружението Грин.орг за несебичната помош која ја добивам во секое време.
Сакам да ве известам да знаете дека финансиите кои се собраа за мене на Пејпал не сум ги се уште добил, а сметката е затворена веќе 10 дена.
Се надевам дека тие кои решија да ги соберат за мене дека и ќе ми ги испратат за да почнам со средување на мојот дом и да ми послужат за храна и сметки додека ја добијам мојата прва плата.
Исклучително сакам да се заблагодарам на Драгослав Здравков Ледер кој несебично вчера ми пружи топла соба во хотел Ледер и денес ми донесе огрев за цела зима.
Воедно ми понуди и работа која ќе ја прифатам и ќе работам доследно бидејќи сакам да отворам нова страница од мојот живот и минатото да го заборавам“, напиша Иле на социјалните мрежи.
Маргарет Курт во групата на фејсбук „Хуманитарна организациј Свети Спас објави дека парите собирани за Иле ќе завршат кај него и откри на што ќе бидат потрошени.
– Откако пред една недела не контактираше Lidija Jecki и побара од нас да се вклучиме во хуманитарната акција за Иле од Кочани, во текот на вчерашниот ден Oliver Petrovski беше во посета на домот на Иле и утврди дека тука навистина е потребна помош. При самата посета однесе кујна и машина за алишта кои откако ќе среди домот ќе бидат монтирани.
Lidija Jecki организираше собирна акција во дијаспората и има собрано 2000 евра кои ќе бидат наменети за реновирање на домот на Иле. Благодарение на нејзината доверба кон нас и нашата организација реновирањето тука ќе е полесно.
Уште во текот на вчерашниот ден нарачавме влезна врата, бидејќи моменталната е целосно уништена, ќе се обезбедат мајстори за плочки и ламинат, ќе се купат плочки за кујната (за тоалетот веќе биле обезбедени), ќе се исфарба цела куќа и ќе се направи се што е потребно за да се создадат нормални услови за живот и Иле да добие шанса да живее во нормални услови. Доколку и други лица се вклучени во оваа акција ќе замолиме да не контактираат за да може да се координираме, напиша Маргарет на Фејсбук.