Реклама
Наши ѕвезди

ФОТО: Кога во 1994 година ЏАРО ми помогна да настапам со Здравко Чолиќ -Владо Јаневски

Погребот е закажан за утре (петок -26 април) во 13 часот во капела во Ѓорче Петров - објави неговата ќерка Милица Џаровска.

Реклама

Денеска на 75 годишна возраст, по кусо боледување, не напушти Велибор Џаровски-Џаро. Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.

Погребот е закажан за утре во 13 часот во капела во Ѓорче Петров – објави неговата ќерка Милица Џаровска.

 

Маркетинг

МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ се збогува со ЏАРО: Мислевме се може да замине, само ти не!

Маркетинг

 

И додека социјалните мредиуми се преплавени со емотивни пораки за тажната вест, се огласи и Владо Јаневски кој се поздрави со Џаро со една заедничка фотографија од минатото.

Еве што напиша пејачот:

Сакам да се знае дека Џаро беше еден од ретките кој веруваше дека од мене ќе биде нешто и ми ги даде првите големи шанси на почетокот  на кариерата. Една такава беше кога ме прати ан задничка турнеја со Здравко Чолич низ Македонија во 1994 година. Сликава е од „Антико“ после одржаниот заеднички концерт. Научив многу тајни за музичкиот занает од Џаро и за тоа ќе му бидам вечно благодарен – напиша Јаневски.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button