Вести

(ФОТО) Голема радост и прослава во домот на пратеникот Антонио Милошоски – детскиот џагор е најголемо богатство!

Преубав ден во домот на Милошоски

Advertisement

Во домот на македонскиот пратеник Антонио Милошоски денеска има голема роденденска прослава. Неговата ќерка Михаела полни шест години и токму овој септември ова преслатко девојче прв пат седна во училишните клупи.

Нејзиниот горд татко Антонио на социјалните мрежи обајви дека малата славеничка Михаела е прваче и дека се во очекување нејзините другарчиња да дојдат на роденденска торта.

Advertisement

„Денес Михаела е нашата славеничка 🎂 умно и слатко прваче со полни 6 годинки …, ги чекаме другарчињата на торта“, објави Милошоски на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/ Антонио Милошоски

Велат дека децата се најголемото богатство во животот, а пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Милошоски е еден од најбогатите политичари – со сопругата Симона имаат пет деца, сите со преубави имиња –  ќерките Дариа, Михаела, Илина, како и поголемиот син Давид и најмалиот Филип.

Фото: Фејсбук/ Антонио Милошоски

Во една прилика Милошоски кој беше и министер за надворешни работи во владата на Никола Груевски заедно со неговиот сопартиец Влатко Ѓорчев кој има четири деца објави преубави семејни фотографии со сите деца и сопругите заедно, па можеше под фотографиите да се прочитаат и вакви коментари: „Влатко и неговите Марта, Филип, Никола и Катерина и децата на Антонио се цел еден фудбалски тим! „Вистинско богатство“!

Фото: Фејсбук/ Антонио Милошоски

Инаку, Милошоски е диоломец на Правниот факултет во Скопје, а подоцна во 2001 – 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm” во германскиот град Бон.

Фото: Фејсбук/ Антонио Милошоски

Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дујсбург, Германија, каде работел како научен соработник до 2006 година, кога прво беше избран за пратеник, а потоа и за министер за надворешни работи на Република Македонија.

Фото: Фејсбук/ Антонио Милошоски

Милошоски кој важи за мошне амбициозен и сериозен политичар за брзо време напредува во својата кариера. Во периодот од 1999 до 2000 година станува шеф на кабинетот на тогашната потпретседателката на Владата на Република Македонија, Доста Димовска.

Во периодот од мај 2000 до септември 2001 година е портпарол на Владата на Република Македонија.

Бил потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а во 1997-98, и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.  Од 2005 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски е еден од основачите на „Младинскиот евроатлантски форум” – МЕАФ. Член е на „Sudosteuropa Geselshaft”, германско академско здружение, кое се занимава политичко-економските случувања во југоисточна Европа.

Фото: Фејсбук/ Антонио Милошоски

Министер за надворешни работи Милошоски стана во 2006 година, а по парламентарните избори во 2011 се повлече од министерската функција.

Во последниве неколку години како член на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ е еден од најактивните пратеници во законодавниот дом и жесток критичар на власта.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button