(ФОТО) Внимавајте на оваа порака, голем број на македонски граѓани ограбени за 600 евра

Голем број на граѓани биле измамени од измамници кои праќаат смс порака од број со префикс +33, за наводна пратка која треба да се царини, а притоа во пораката се дава линк кој води до сајт со име mkposta.com, кој е лажен сајт.
– Вашата нарачка подлежи на царина, пишува во пораката и ве наведува да кликнете на линкот при што треба да внесете ваши лични податоци и картичка за што пишува дека ќе се наплатат 1,99 евра, но со ова на граѓаните им се крадат податоците од нивните кредитни картички и од сметките им се повлекуваат поголеми суми на пари.
Најефективен метод за здравје на ПРОСТАТА, лесен за употреба…
Медиумите пишуваат дека на некои граѓани им биле повлечени и до 500-600 евра од нивните картички, а некои се спасиле со навремен повик до банката.
Доколку сте го направиле ова, веднаш јавете се во вашата банка за да ја блокира трансакцијата.

За случајот веќе алармираа дел од банките, а измамата веќе е пријавена во полиција.
Дел од банките со кои контактирaше телевизија 24, потврдија дека денеска имале зголемен број поплаки од граѓани за измами со лажни поштенски пратки и царниски давачки.
Очигледно е дека интернет измамниците стануваат се пософистицирани, коментираат ИТ експертите, според кои, граѓаните оставаат свои податоци и таму каде што не треба, па така измамниците добиват и телефонски броеви, кои потоа ги користат за испраќање СМС пораки. Интересен е и тајмингот кој го бираат за измамата, поврзани празници, во кои баните не работат, па потешко се доаѓа до техничка поддршка.
МВР апелира до граѓаните да бидат внимателни при користењето на социјалните мрежи, никако да не наседнуваат и во никој случај да не испраќаат лични податоци преку социјалните мрежи, затоа што на тој начин можат да станат жртва на измамниците.




