Реклама
Новости

Фолкерката што стана мајка на 52 години објави прва фотографија од бебето, го роди на Видовден (фото)

Ова е ќеркичката Вања што Сања ја роди на Видовден, а чие име значи „онаа што е испратена од Господ“

Реклама

Познатата фолк-пејачка Сања Малетиќ по долги години борба за потомство стана мајка на 52 годишна возраст.

Таа се породи пред неколку дена, а на нејзината ќеркичка и го даде името Вања што на руски значи „онаа што е испратена од Господ“.

Веста дека Сања родила девојче го израдува регионот затоа што таа во изминатиов период често зборуваше за нејзината борба да се оствари во улога на мајка и дека нема да се откаже од оваа намера.

Маркетинг

Принтскрин/ Инстаграм

Таа за време на бременоста не се појавуваше во јавноста и малкумина знаеја дека успеала да зачне, па веста ги изненади сите.

Маркетинг

Но вистинско изненадување следуваше еден ден потоа, кога пејачката реши да ја објави и првата фотографија од својата наследничка.

Принтскрин/ Инстаграм

Фотографијата ја сподели нејзината родена сестра Александра која под истата ги напиша и следниве емотивни зборови.

„Среќо моја. Се роди љубовта на тета. Толку сум горда на тебе, сестро. Вања – 28.06, Видовдену мој“, напиша Александра под објавата, а нејзината сестра веднаш ја презеде и сподели фотографијата. Интересно е и тоа што и Александра својот син го родила на истиот овој голем верски празник.

Потсетуваме, пејачката Сања Малетиќ неколку пати во јавноста зборуваше за нејзината борба да се оствари во улога на мајка.

Принтскрин/ Инстаграм

Таа не можеше да повои дете, затоа што е 73 годиште, а луѓето на нејзини години не можат да посвојуваат деца.

Но затоа од вонтелесното оплодување не се откажуваше, и како што самата изјави во една пригода, се додека постои било каква шанса од Бог и природата, таа нема да се откаже.

Принтскрин/ Инстаграм

„Се додека дишам, се додека постои било каква шанса од Бог и природа, јас сум тука и не се откажувам“.

„Не можам да посвојам дете, веќе долго, јас сум 73 годиште, луѓето на мои години не можат да посвојат деца. Имаш своја битка, има тука и доста неуспеси, јас да успева, јас тоа до сега би го објавила на сите ѕвона“.

„Кога човек е јавна личност, нема време да жали ни себе ни ситуацијата таква каква што е. Човек нема време да се исплаче и закрепне кога ќе дојде дома од болница туку мора веднаш да оди понатаму и да завршува и други работи, други обврски“, зборуваше отворено Сања во една пригода за српскиот портал „Нова“.

Фејсбук

Народни верувања за Видовден

Во врска со празникот Видовден постојат повеќе народни верувања меѓу народите на овие простори, а според некои на овој празник најмногу треба да му се радуваат девојките затоа што тие вечерта би можеле да го сонуваат оној со кој што ќе се омажат.

Меѓу Словените се верувало дека Вид е божество кое се гледа, па празникот се смета и за празник на очите, односно празник што ги отвора очите. Од друга страна, според народните верувања, видовата трева, која од дамнина служела за гатања, им помагала на немажените девојки во сон да им го донесе идниот маж, додека за мажените жени она што ќе го сонуваат вечерта, ќе им се оствари.

Постои уште едно верување, а тоа е дека видовата трева им помага на немажените за кратко време да го запознаат идниот сопруг.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button