Фолк-пејачот Благоја Грујовски сподели преубава вест – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Публиката беше воодушевена од неговиот настап

Благоја Грујовски за крајот на летната сезона имаше одличен настап покрај Охридското Езеро на традиционалниот Охрид фест 2024.
Фестивалот започна со фолк вечер што ја водеше шармантната Ирена Спировска, а легендарниот Благоја го освои срцето на публиката со песната „Ноќва Охрид не спие“ од Григор Копров.
Пејачот пред публиката настапи во сини панталони, бела кошула и пастелно сако со бели риги, а со ова свое издание ги воодушеви и своите бројни обожаватели на социјалните мрежи.
Фејсбук/ Охрид фест 2024
Благоја објави и една фотографија на која е со Ирена Спировска која што за оваа пригода носеше преубав фустан.
Атмосферата цела вечер беше одлична, а покрај Благоја кој го освои првото место од публиката како најдобри беа избрани и Драган Николовски Даце кој го освои второто и Влатко Миладинов третото место, со песните „Катанче“ и „Песна за Свети Наум“.
Фејсбук/ Охрид фест 2024
Од друга страна според одлука на жирито првото место и припадна на пејачката Ленче Кукуќ за песната „Добри ангели“, додека второто го осои групата „Биоритам“, а третото Благица Павловска.
Фејсбук/ Охрид фест 2024
Потсетуваме, фестивалот „Охрид Фест – Охридски трубадури“ спаѓа во редот на најстарите фестивали во Македонија и е единствениот што ги надмина нашите, регионалните и европските граници, со видливост од над 200 милини гледачи и 200 часови директен пренос, на дваесетина телевизии и музики канали.
Фејсбук/ Охрид фест 2024
Покрај споменатите имиња на фолк вечерта која што ја водеше убавата водителка Ирена Спировска настапија и многу други наши познати ѕвезди како Катерина Танева, Петар Нечоски, Милица Кузмановска.., а шанса за убав старт имаа и нови музички надежи од кои струмичанката Катерина Ристова со песна од Ѓорги Калајџиев и Дарко Илиевски доби наградата за најдобар дебитант.
Повеќе детали од оваа вечер од фестивалот што се одржа во Охрид на 30 и 31 август, погледнете во продолжение…
Фејсбук/ Охрид фест 2024
Фејсбук/ Охрид фест 2024
Фејсбук/ Охрид фест 2024
Фејсбук/ Охрид фест 2024
Фејсбук/ Охрид фест 2024
Бонус видео
Ноќва Охрид не спие