Флоријан конечно го испративме, но какви температури треба да очекуваме во наредните денови
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен и северозападен правец.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, дневната максимална температура ќе се движи меѓу 29 и 36 степени. Во наредните денови времето ќе за задржи малку до умерено облачно и релативно топло, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
На самиот почеток од новата недела ќе имаме стабилно, сончево, топло и суво време без врнежи а такво ќе продожи и во текот на следните денови со исклучок на планинските места каде ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи, стои во временската прогноза на Славчо Поповски. Минималната температура денес ќе биде во интервалот од 14 до 21 степен, а максималната од 29 до 36 степени. Во вторник и во среда максималната температура ќе достигне до 37 степени.