Голема радост за Македонија! И оваа година имаме финалист во „Ѕвездите на Гранд“.
Нашата убавица, пејачката Андријана Петрушовска ќе ја гледаме на големата сцена со надеж дека одново Македонка ќе победи на најголемото регионално музичко шоу.
Голем шок за сите, ова никој не го очекуваше – Мики Секуловски го изгуби дуелот, но не и оваа дама!
Андријана беше брилијантна вчера на сцената од почетокот до самиот крај. Лесно ја надмина и акапелата , со нашата изворна песна „Ја излези Ѓурѓо“.
По натпреварот Андријана на Инстагарм покажа кој ѝ е најголемата подршка. На објавата напиша емотивна порака:
Финалеееееее 🥹❤️
МАМА и ТАТО – дефиниција за бескрајна, безусловна и вечна љубов! Мотивација за истрајност и неоткажување од соништата на едно мало девојче! Моите животни ментори и најголема поддршка! Родители, борци, мои херои!🤍
Финале за нив и за сите вас кои чекорите со мене во остварување на мојот животен сон!Да пееме и славиме во финале! ❤️
Ве сакам сите! ❤️