Филип Божиновски 15 години е вљубен во жената која го претвори во најсреќниот татко – сега гордо менува пелени и ужива со ќеркичката
Филип Божиновски и неговата сопруга Сања Митровски се остварија во улогата на родители во време на корона.
Познатиот македонски пејач, Филип Божиновски, кој го воодушеви целиот регион со својот глас во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, пред две години со својата убава избраничка, Сања Митровски, го изговори судбоносното „ДА“, а среќните вести ги објавија на социјалните мрежи.
Потоа новопечениот сопруг во еден момент ги извести своите фанови за уште една среќна вест, и тоа во екот на епидемијата.
„Во ова лудо време чекаме да ни се случи нешто убаво“, напиша Филип тогаш на Фејсбук покрај оваа фотографија на која се гледаше дека Сања е веќе во поодмината бременост. Фановите веднаш почнаа со претпоставки за полот на бебето, а потоа со уште една фотографија беа решени сите дилеми.
Имено, Филип и Сања објавија слатка фотографија на која се гледаат женски чевлички. И по 12 години љубов во која секако постоеја и предизвици, но која исто така со тек на времето стануваше се посилна, посебно по две години заеднички живот како маж и жена, пристигна и наследничката како круна на нивната љубов. Да потсетиме, тие двајцата направија голема свадба во Скопје, а како изгледаа како младенци, можете да видите од фотографиите во продолжение.
Гордите родители својата наследничка и го дадоа преубавото име Софија, а гордиот татко неодамна се пофали:
„Нашата мала убавица наскоро ќе наполни два месеци“ – изјави Филип за Гранд онлајн и додаде дека се радува на својата нова улога во животот. Сега како што самиот вели секој ден му е поинаков, а родителството за него преставува нешто прекрасно и многу возбудливо.
Му се радуваме на секој ден и ја следиме секоја нејзина реакција од ден на ден. Секогаш имаме нешто ново да научиме, но за среќа, брзо учиме и добро се снаоѓаме – раскажува Божиновски и додава дека долги години го чекал моментот да стане татко. Што се однесува пак до „фамозното“ менување пелени, тој вели дека секако пробал да го прави тоа и дека, сега за сега, му од добро. Но сепак, признава дека не е толку снаодлив како неговата сакана.
Откако поминаа 40 дена Филип и Сања ја изнесоа за прв пат нивната наследничка и тоа во црква, на литургија. Додека биле во црквата малата Софија за целото време била мирна, а потоа уживала во прошетката со нејзините родители.
Извор: Гранд.онлајн, Гламур