Специјалната обвинителка ќе се појави на ПичПрич
Организаторите на ПичПрич, гала вечер на раскажување на женски приказни, на социјалните мрежи го најавија петтиот специјалниот гостин. Станува збор за специјалната обвинителка Фатиме Фетаи која ќе се појави на специјалното издание на ПичПрич за 8 ми март каде жените ќе зборуваат на тема „Добив“. Настанот ќе се случува во Кино Милениум во 19 и 30 часот, а цената на билетите е 50 денари со кои ќе се покрие техничката поддршка за настанот во салата, која МКЦ великодушно им ја отстапи на организаторите.
Минатиот 8-март мошне популарен беше настапот на професорката Беса Арифи која зборуваше за еманципацијата на жената во Македонија, а меѓу раскажувачите кои насобраа огромен број публика беше и професорката и поранешна министерка за надворешни работи Илинка Митрева.
Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.