Реклама
Наши ѕвезди

Фатиме Фетаи како фаталната Шерон Стоун во „Основен инстинкт“

Реклама

Залижаната фризура повторно е ИН

Залижаната коса, исчешлана наназад, неодоливо потсетува на лудите 80-ти и 90-ти години на минатиот век и на фризурата на легендарната Шерон Стоун од култниот филм „Основен инстинкт“, од незаборавната сцена кога таа во повеќе од провокативно модно издание, без долна облека, седи во полициската станица, со шик залижана фризура.

Маркетинг

Оваа популарна фризура ја обожаваат многу познати ѕвезди, а на модната сцена ја врати манекенката Кендал Џенер кога пред неколку сезони се прошета на црвениот килим кога изгледаше како да излегла од базен.

Фото: Принтскрин

Ваквиот влажен изглед ќе ви стои убаво без разлика дали имате кратка коса, како Шерон Стоун во филмот „Основен инстинкт“, или долга коса како на познатите манекенки кои денес ја „фураат“ оваа шик фризура.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Дадар

Неодамна ваква фризура носеше и специјалната обвинителка Фатиме Фетаи со која беше во центарот на вниманието на социјалните мрежи. Доколку и додадете црвен кармин како што тоа го направи атрактивната Фатиме, ќе изгледате „вамп“, провокативно и неодоливо. Исто така можете да изберете и крајно суптилна шминка, како што на пример ви нуди карминот во комбинација со „smokey eyes“.

Но за каква шминка и да одлучите, не заборавајте дека ваквата фризура ќе ги нагласи цртите на вашето лице.

Ви се допаѓа новата „вамп“ фризура на Фатиме Фетаи? Погледнете како најлесно да ја направите

Многу светски ѕвезди ја избираат токму оваа фризура за многубројните свечености на кои што одат. Во прашање е фризура која изгледа мошне гламурозно и елегантно истовремено, а за која не ви треба премногу време. Најпрво треба да ја исфенирате косата, а потоа следете ги упатствата што ви се дадени во видеото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button