Сите знаеме дека „боб“ фризурите се хит

Но она што е ново оваа пролетна сезона се ваквите фризури со кратки, впечатливи и по малку „неуредни“ шишки. Тие ќе го променат изгледот на вашето лице и ќе допринесат да добиете оригинален изглед, а како што велат фризерите, шишките се „внатрешниот глас“ на секоја фризура.

Велат дека доколку имаме виткана коса, да експериментираме со природната текстура на косата и да не одиме прекратко. Со рамна коса пак, треба да го имаме на ум обликот на лицето кога избираме какви шишки сакаме да носиме. И кога ги стилизираме, да бидеме внимателни при изборот на производите што ќе ги користиме, бидејќи наместо да помогнат, можат да ни ја растурат формата и поради нив косата да ни изгледа мрсно.

Што се однесува до Фатиме Фетаи тајната на нејзиниот впечатлив изглед се крие токму во нејзините шишки кои изгледаат асиметрично, како да НЕ ги направил професионалец, а всушност тоа е и формулата поради која нејзината фризура е полн погодок.
Во прашање е совршен „рез“ кој се носи на по малку необичен, неуреден начин, а по кој полудеа инфлуенсерките што ги следат трендовите од целиот свет.
Во продолжение погледнете неколку интересни примери како да носиме кратка боб фризура со шишки.
https://www.instagram.com/p/BwMdUeZHhut/
https://www.instagram.com/p/BwUHQXqHeWT/
https://www.instagram.com/p/BwX6EazhgGW/