Реклама
Стил

Фатално издание на Андријана Јаневска – овој детаљ го забележаа сите, се појави и го украде шоуто

Пејачката се појави на сцената и заблеска во сиот свој сјај, а еден детаљ посебно ги воодушеви сите...

Реклама

Нашата позната пејачка Андријана Јаневска уште еднаш, со својот феноменален женствен стајлинг, ги воодушеви сите.

Имено, познатата пејачка на сцената во Битола заблеска во кратка креација со која го истакна своето згодно тело.

Таа носеше мал црн фустан со впечатлив детаљ на струкот, пеплум, кој е хит во последните неколку сезони.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Станува збор за многу кусо здолниште или набор кое што може да биде дел од кројот на фустан, но и од здолниште или палто, а го носеле и старите Грци. Односно тие носеле туника наречена пеполос, а со развојот на модата, овој вид се појавува во повеќе различни периоди.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Пеплумот беше ултра популарен во 80-тите, а во последниот период модните дизајнери повторно го актуелизираат.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Нашата позната пејачка оваа интересна креација со асиметричен горен дел и кусо здолниште со кое во фокусот ги стави своите згодни нозе ја комбинираше со елегантни високи потпетици.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Андријана со нив дополнително го истакна овој дел од телото, додека косата ја носеше пуштена и рамна, а целото издание го заокружи со големи висечки обетки и кармин во страсна црвена боја.

Пеплумот повторно е во мода!

Познатите брендови како „Brandon Maxwell“, „Miu Miu“, „Jonathan Anderson“, „Richard Quinn“, „Proenza Schouler“ и „Tove“ во своите колекции за есен/зима 2023 имаат неколку дизајни со овој моден детаљ.

Но покрај фустаните, овој тренд денес може да се најде во најразлични варијации, а голем хит се и блузите и туниките со него.

Пеплумот повторно е во тренд затоа што го дефинира струкот што низ историјата се смета за нешто многу женствено.

Еве кои модели се во тренд:

Фото: Пинтерест

Фото: Пинтерест

Фото: Пинтерест

Фото: Пинтерест

Фото: Пинтерест

Фото: Пинтерест

Фото: Пинтерест

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button