Фаталната Фатиме во ова издание НЕ носи ништо посебно, а изгледа фантастично
Фатиме Фетаи и покрај тоа што не е естрадна личност, важи за дама која привлекува внимание каде и да се појави.

Секоја нејзина фотографија што ќе се појави на социјалните мрежи станува вирална, па можеме слободно да кажеме дека специјалната обвинителка сруши и одредени табуа кога е во прашање модата во Македонија.
И навистина, од нејзините модни комбинации можеме да заклучиме дека не е неопходно да имаме врвни модни парчиња, екстравагантен крој или парче на кој вреска нечие (светски познато) дизајнерско лого за да изгледаме феноменално. Таа и кога носи наједноставни модни парчиња изгледа фантастично, а тоа го покажа и пред неколку дена кога во судницата се појави во „машко“ сако и панталони со едноставен крој и во „едноставна“, светло кафеава нијанса.

На прв поглед ништо посебно, но поради овие неколку детали Фатиме и во ова издание изгледаше прекрасно.

Таа целото издание го зачини со марама, но и со шик боб фризура и црвениот кармин кој е нејзиниот заштитен знак.

Ова секако дена не е прв пат Фатиме да не изненади со „машка“ комбинација составена од сако и панталони.

Таа и кога гостуваше во емисијата на новинарот Сашо Ордановски носеше панталони и сако, само што тогаш во прашање беше модел со впечатлив дезен кој го комбинираше со туника и црвени високи потпетици.

Па, што велите за овие две изданија на Фатиме?




