Фановите разочарани, исчезна скопјанката што вети дека ќе трча гола на Партизанска ако „црвено-црните“ станат шампиони
Профилот на скопјанката што вели дека како од мајка родена ќе трча на Партизанска ако победи Вардар исчезна од социјалните мрежи.

Имено, скопјанката која на Твитер беше позната под името Ле Моник напиша дека ќе трча како од мајка родена доколку Вардар победи и стане шампион. Но набргу откако Црвено-црните победија и ја освоија титулата, девојката ја снема од социјалните мрежи, а фановите разочарани ја критикуваат и чекаат да го оствари ветеното.
Девојката што се претставува како Ле Моник непосредно пред финалето напиша дека ќе трча г*ла по Партизанска и додаде дека ќе тргне од шопинг центарот Скопје Сити Мол, а ќе заврши на плоштадот Македонија доколку Вардар победи во финалето на Лигата на шампиони.
Но денес нејзиниот профил е недостапен на оваа социјална мрежа, а под постот што го објавивме, можевте да прочитате голем број коментари на разочарани фанови.
„Еден саат дремам на семафор и уште ја нема“, „Кога ќе трчаш да пишам слободен ден?“, „Ајде ма цуро, маж ми те чека цел ден“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи.