Уште еднаш ја отвори вратата од својот дом и покажа НОВИ ДЕТАЛИ: Погледнете како Зоки Фаци го уредил својот стан
Македонскиот новинар уште еднаш ја отвори вратата од својот дом и покажа дек сѐ е уредено во негов стил.
Зоран Василевски или како што сите го знаеме Зоки Фаци и еден од ретките новинари , кој успеваше познатите личности да ги „улови“ во незгодна ситуација и секогаш да има ексклузива поврзана со нив.
Својата кариера ја започна уште додека беше многу млад, а неговиот талент го доведе меѓу најдобрите.
Секогаш прашувал и зборувал за тоа за што другите немале храброст, па токму затоа се стекна со голема популарност.
Поради таа негова отвореност и директност, Зоран мораше да плати и цена. Имено пред 10-ина години беше пречекан во заседа пред неговата зграда од две маскирани лица и yдpeн со шипка во главата, а медиумите и истрагата подоцна тоа го третираа како обид за yбиcтвo.
„Никогаш не го фатија сторителот, иако се шушкаше кој е во прашање, ама ете… Паднав во бесознание и кога се освестив, бев сиот облеан во локва кpв, а ме најде соседот. Но, тоа не ме обесхрабри, јас продолжив емисијата да си ја работам со љубов и се’ што обајвував во неа беше вистина, иако жолтиот печат понекогаш знаеше тие настани да ги преувеличи“, раскажа Зоки своевремено.
Освен со македонските, имал можност да прави интервјуа со многу балкански ѕвезди.
Еден е од ретките на македонската јавна сцена кои секогаш се стилизирани од глава до пети.
Малкумина знаат дека Зоки по професија е ветеринар.
По завршувањето на школувањето веднаш аплицирал да работи во Зоолошката градина во Скопје.
Животот му го променил еден оглас во весник, на кој се барало ветеринар да пишува статии за животни. Така започнала неговата новинарска кариера.
Денес повеќе не работи ниту како водител ниту како новинар.
Сега за сега е дел од маркетинг, односно ПР тимот на познат угостителски објект во Скопје, но и понатаму е присутен во медиумите.
Најактивен е на Инстаграм, каде секојдневно споделува видеа и фотографии.
Љубовта кон животните се гледа и по то како го уредил својот дом.
Се чини дека коњите го фасцинираа, бидејќи во неговиот дом има еден куп уметнички слики со коњи, украси и фигури.
Не е првпат Зоки да го покаже својот дом, но секогаш ја воодушевува публиката.
Во неговиот стан во скопската населба Ново Лисиче преовладуваат веели бои и сѐ е уредено со стил, онака како што само Зоки умее.
Овој пат го покажа и погледот од својата тераса, како и како што самиот тој напиша, малата градина.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение:
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци