Уште една струмичанка направи џумбуш во Гранд – наследничката на Лепа Брена ги воодушеви сите
Никого не остави рамнодушен како со својот карактеристичен глас, така и со смелиот изглед со кој што се појави...
Струмичанката Драгана Суљкановиќ ги воодушеви сите
Оваа прекрасна дама се појави во „Никогаш не е доцна“ и со својот талент ја освои публиката, но и жирито.
Облечена во преубавo црно издание таа блескаше на сцената на која што настапи прва и имаше чест да ја отвори.
Штом се појави, Жика ја пофали за нејзината искреност и енергија, а потоа ги претстави и нејзините двајца браќа што беа дојдени како поддршка и кои што имаат фирма за обезбедување.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Таа настапи со песна од Лепа Брена, а како што самата изјави ваква возбуда почувствувала само кога го родила своето прво дете.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Од нејзиниот настап сите беа воодушевени и таа директно се пласираше за следниот круг во популарното шоу за ветерани.
Инаку, Драгана е родена во Македонија, но моментално со семејството живее во Швајцарија каде исто така се занимава со пеење.
Таа има 45 години, родена е во Струмица, а 16 години живее во Цирих. Родена е како Драгица, но сите ја викаат Драгана.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Таа е во среќен брак од кој има два сина, а цел живот сонувала да биде пејачка и барем еднаш да се појави на телевизија.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Како што самата откри, нејзин идол е Лепа Брена и токму со нејзина песна успеа да ги освои сите и да и си го оствари сонот.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Како сето тоа изгледаше погледнете во продолжение…