Уште една позната пејачка застана зад Вања Кнежевиќ и јавно го КРИТИКУВАШЕ жирито во шоуто „Ѕвездите на Гранд“
Големата драма поврзана со младата пејачка Вања Кнежевиќ која што беше дисквалификувана од продукцијата во Ѕвездите на Гранд не престанува.
Вања беше дисквалификувана откако на социјалните мрежи сподели на*редливи коментари на сметка на Карлеуша, чии претставници на ПР тимот побараа исклучување од шоуто. Кнежевиќ потоа преку социјалните мрежи ја обвини продукцијата и за пc-ихичкa тopтypа, а целиот настан посебно ја трогна пејачката Милица Павловиќ која своевремено помина низ слична драма.
Имено, познатата пејачка своевремено ја започна кариерата во шоу од ист формат, а коментарите што тогаш на нејзина сметка ги изнесе Драган Којиќ Кеба во тоа време исто така со денови беа тема во медиумите.
„Мислам дека за мене не беа во право. затоа си кажав самата на себеси – Милице, ти со својот труд ќе го покажеш тоа. Самата себеси се гризев за јазикот. Најсилната реклама на светот му ја препишувам на Кеба, кој ги изговори таквите гадни коментари за мене, а јас му одговорив со песната ‘I will always love you’“ (Ќе те сакам вечно, прев.) изјави Милица за „IDJHOT“.
„Кога ќе се свртам во себе и кога ќе се вратам на тоа столче, и на тебе и на сите слични на тебе кои така мислат за мене, јас ќе им докажам кој сум и што сум. Јас сум тука заради публиката што ме поддржува, која аплаудира, вреска, која ми бара автограм и јас имам свое видување и цел“.
„Мене нема да ме скрши тој коментар. Сакав да му порачам дека сум среќно дете кое така ја гледа музиката и дека мене тоа сето ме боли“, истакна пејачката.
„Не би се сложила на начинот на кој го интерпретираат своето мислење“, порача Милица на сметка на коментарите на жирито.
Ѕвездите на Гранд се наместени?
Инаку Милица во Ѕвездите на Гранд се појави во далечната 2011. Пејачката тогаш имаше 20 години, изгледаше сосема поинаку и долго размислувала дали воопшто да се пријави на овој натпревар.
И по некое време, Милица решила да се пријави на аудиција во Белград, со цел да си ја испроба среќата.
По тој повод, таа ја отпеа песната на Вики Миjковиќ „Ти си поголема жена од мене“, а Поповиќ веднаш и рече дека ја завршила својата работа и праша зошто не се пријавила порано на „Ѕвездите на Гранд“?
„Искрено, мислев дека е наместено. Јас зборувам искрено“ изјави тогаш Милица.
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Извор: Пулсонлајн.рс, Гламур.мк