Уште една ајкула забележана во близина на популарната плажа – луѓето бегале испаничени
Втората џиновска ајкула беше забележана како плива покрај шпанското крајбрежје само еден ден откако седум метри голема ајкула ги преплаши капачите на друга плажа.
Ајкулата, опишана како тинтоера, утринава била видена како плива во водата во пристаништето Сиутадела, Менорка.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како ајкулата полека кружи околу чамците закотвени во пристаништето додека луѓето гледаат.
Ова е снимено еден ден по страшната глетка кога ајкула долга 7 метри се приближи плажата Агуамарина, јужно од Аликанте, во четвртокот, па луѓето избезумени бегаа.
Истата ајкула беше пронајдена мртва неколку милји северно.
Локална веб-страница за временска прогноза, која објави снимка од тинторерата напиша: „Ајкулата долга седум метри што се приближи до брегот умре“.
Втората ајкула била видена на плажата Агуамарина во Орихуела Коста јужно од Аликанте околу 10 часот наутро во денеска.
Првичните извештаи укажаа дека станува збор за тинторера или сина ајкула долга околу седум метри.
Локалната полиција е меѓу одговорните за итни случаи кои трагаа по ајкулата, но безуспешно, се претпоставува дека отпливала назад во морето без да биде видена.
Ова не е првпат ајкула да биде забележана во овие предели.
Голема трагедија се случи минатата недела на популарно летувалиште во Хургада, кога 23-годишниот руски турист Владимир Попов беше виден како тигреста ајкула го повлекува во вода и го јаде.
ФОТО: Принтскрин