Вести

УТРЕ ГО СЛАВИМЕ Свети Архангел Михаил: Ако го направите ОВА, се верува дека вашата НАЈГОЛЕМА ЖЕЛБА ќе се оствари!

Advertisement

Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии.

Меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден.

Advertisement

Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21 ноември според новиот (или на 8 ноември според стариот) календар меѓу народот е познат едноставно како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Многу семејства го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби, а и општо е верувањето дека тој спаѓа меѓу поголемите празници.

Многу традиционални верувања за овој ангел. Тој ги посетува сите болни луѓе. Затоа и треба да обрнете внимание, доколку застане кај нозете не е добро, а ако застане над главата ќе биде добро и болниот ќе се излекува.
Многу од христијаните веруваат дека е жив, па за неговата слава не прават пченица.

На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

На овој ден според народните преданија треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Михаил е архангел споменат во Откровението (12:7); во Стариот Завет Михаил е споменат по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел.

Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ (Даниел, 10:13) кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“ (Даниел, 10:21, 12:1). По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“)

Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

Голем дел од доцните Мидрашки подробности за Михаил се пренесени преку Книгата на Енох, од каде понатаму биле дообработени.

Во доцносредновековното Христијанство, Михаил, заедно со Свети Ѓорѓи станале светец-заштитник на витештвото, како и на првиот витешки ред на Франција, Редот на Свети Михаил во 1469.

Во британскиот систем на почести, витешкиот ред основан во 1818 е именуван по овие двајца светци – Ред на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи.

Во многу христијански кругови Свети Михаил се смета за заштитник на борците. Полицајците и војниците, а особено падобранците го сметаат за нивен светец-заштитник.

Римокатолиците и православците го нарекуваат Свети Архангел Михаил, а неговиот празник — Арангел (21 ноември).

На овој ден според народните преданија треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Многу обичаи се поврзани со овој празник, а еден од нив е оној кој вклучува одење во црква и молење на вашиот ангел. Се верува дека небото се отвора за молитви, и дека и најголемите, најважните желби ќе се исполнат ако се молите од срце, искрено и со благодарност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button