Вести

УТРЕ ПРАЗНУВАМЕ ГОЛЕМ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК! Во никој случај, ама никако, НЕ СМЕЕТЕ да го прекршите обичајот на ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Advertisement

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 1 октомври.

Утре е Покров на Пресвета Богородица.

Advertisement

Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград.

фото пекселс

Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ.

Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?”

фото пекселс

Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан.

Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Покров на Пресвета Богородица, 14/1.X

Празник посветен на вечното покровителство на Мајката Божја

фото пекселс

Овој празник е во врска со почитувањето на Пресвета Богородица како заштитничка и покровителка на сите христијани. Настанот што се празнува на 1 октомври (с.с.) се случил на овој ден 911 година за време на цар Лав Мудри (Филозоф).

Тогаш за време на ноќното бдеење во црквата посветена на Богородица во Цариград, кога била преполна со народ, во четвртиот час по полноќ се појавила Богородица со покрив во рацете.

фото пекселс

Блеснала во сјај придружена од апостоли, светци, маченици и девици. Со покривот го покрила целиот народ за по нејзиното исчезнување да исчезне и покривот оставајќи им благосостојба на тие што тука се нашле во тој момент.

Празникот Покров на Пресвета Богородица е востановен во спомен на овој настан, но и да потсетува на постојаното покровителство на Пресвета Богородица и помошта што таа им ја дава на сите што се молат искрено.

фото пекселс

На Пoкров на Пресвета Богородица, ако жената сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата на Покров на Пресвета Богородица. Дефинитивно треба да донесе пешкир, да го донира во црквата и да се моли Богородица да ги вкрсти патиштата со идниот младоженец.

Ако во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро на овој ден да разговарате со нив за тоа што е потребно за среќен брак.

фото пекселс

Мажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба.

Сите жени без исклучок утре треба да и кажат молитва на Пресвета Богородица:

Богородице Дево, радувај се, Милостива Марија, Господ е со Тебе: благословена си Ти меѓу жените и благословен е Плодот на Твојата утроба, зашто си го родила Спасителот на нашите души.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button