Вести

УТРЕ Е ПЕТОК 13: Се верува дека е најлошиот ден и ОВА НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ!

Advertisement

Следниот петок 13-ти е следната година во август

Познатата холивудска приказна во продолженија за прв пат емитувана во кината во 1980 година под името „Петок 13“ беше одлична поддршка за дополнително ширење на суеверието за тој датум како најлош ден низ светот.

Advertisement

Така, некои компании немаат седиште со број 13 во авионите, во некои повеќекатници недостасува 13-тиот кат и наместо тоа оди на 14, има и хотели кои немаат соба со тој „неславен“ број…

Вистината е дека никој точно не знае од каде е потеклото на стравот од петок 13, меѓутоа постојат неколку теории добро истражени од историчари.

Advertisement

Доналд Даси, основачот на центарот за фобии во Северна Каролина, САД, се сомнева дека стравот потекнува од нордиската митологија.

Нордиската митологија е збир на митови, легенди и верувања во натприродни суштества. Проучувањата за оваа методологија упатуваат на тоа дека овие луѓе навистина постоеле и им биле дадени божествени особини.

Според еден нордиски мит, постоеле 12 богови кои вечерале во Валхала – светата сала каде што се собирале сите нордиски херои кои починале. Меѓутоа еднаш додека вечерале, вечерата била прекината од 13-тиот гостин, злобниот бог Локи.

Според легендата, Локи го изманипулирал богот на зимата да го убие неговиот брат, богот на летото. Оттогаш, луѓето почнале да го асоцираат бројот 13 со убиството кое се случило поради непосакуваниот 13-ти гостин.

Поради некоја друга причина, бројот 12 почнал да се смета како комплетен број низ многу култури. Постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 олимписки богови, 12 наследници на пророкот Мухамед, во христијанството Исус е предаден од Јуда, еден од неговите 12 апостоли кој бил 13-ти гостин на Тајната вечера.

Поминувањето на бројот 12 почнало да се смета за лош број затоа што го рушел балансот и перфекцијата. Бројот 13 се асоцира со несреќа сè до ден денес.

Денот петок се вклучува во суеверието најмногу поради тоа што се верува дека Исус бил распнат на крст во петок. Во Рим, а подоцна и во Америка најчесто сите вакви јавни убиства се случувале во петок.

Петок 13-ти станал најнесреќен ден поради фактот дека спојува две суеверија во едно.

Има и многу поединци кои се некако немирни цел ден кога е петок 13-ти, сите очекуваат нешто лошо да се случи.

А кога ќе се спојат петок и бројот 13, тогаш се верува дека не треба да правите ништо што инаку се смета за лошо, како на пример да одите под скала, да отворите чадор во куќата, да истурите сол, а ако сте надвор, треба да избегнете црна мачка да ви го пресече патот.

Од каде сето тоа со утрешниот ден и датум? Се шпекулира. Така се извлекуваат библиските аргументи дека Адам и Ева биле исфрлени од Едем во петокот затоа што му дала јаболко, дека потопот започнал во петокот и дека Ное отишол на помош, дека Христос бил распнат во петокот.

Некои велат дека 12 вештерки и ѓаволот секогаш се присутни на сатанистичките церемонии. И бројот 13 со сè во петокот е прислушуван од 1307 година, кога францускиот крал издал наредба да се уапсат и погубат Темпларите.

Се проценува дека светската економија секој петок тринаесетти губи повеќе од 900 милиони долари поради тоа што луѓето тој ден ги избегнуваат своите вообичаени активности.

Доколку сте суеверни, внимавајте и трудете се да не размислувате црно. Никогаш не се знае, можеби токму овој ден ќе ви биде успешен и среќен.

Ако верувате во сето ова, тогаш знаете што да правите утре. Ако не верувате, тогаш утре за повеќето од вас завршува работната недела.

Инаку, следниот петок 13-ти е следната година во август.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button