Утре е голем празник се празнува Св. Петка- еве што не смеете да правите на овој ден!
За многу години...
Православните христијани утре на 8-ми август го празнуваат големиот празник Света Петка – Летна.
фото илустрација
Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.
фото илустрација
Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.
фото илустрација
На овој ден именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…
фото илустрација
Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога останала сама таа го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши.
фото илустрација
Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд.
Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин.. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.
фото илустрација
На Света Петка се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.
фото илустрација
На овој ден кој е женски празник жените не би требало да месат, готват или да прават било каква работа во домот како не би го предизвикале гневот на светителката.
фото илустрација
Порано жените верувале дека на тој ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за на жените да не им трнат рацете преку цела година.
фото илустрација
Младите девојки пак, на овој ден треба да берат цвеќиња и со нив да го красат домот како би имало слога и мир. Исто така овој ден девојчињата треба да облечат нови фустани за да ги следи среќата во текот на годината.