Вести

Утре е голем празник: Ако го направите ова, Света Меланија ќе ви ги реши маките

Advertisement

Утре црквата и верниците слават празник посветен на преподобната Меланија Римјанка, христијанска светица од 5 век која живеела во Рим.

Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен млад човек по име Апинијан.

Advertisement

Кога го роди второто дете, таа се разболе и му рече на мажот ѝ дека ќе може да оздрави само ако тој се заколне пред Бога дека во иднина ќе живее со неа како брат со сестра. Мажот ѝ се заколна, а таа од духовна радост и телесно оздраве.

Потоа Му беше угодно на Бога па им ги зеде двете деца, а тие се решија да го распродадат сиот свој имот и да им го раздадат на сиромасите, на црквите и на манастирите. Многу патуваа по странските земји и градови вршејќи добри дела од своето богатство. Ги посетија прочуените духовници во Горен и Долен Египет и од нив многу се научија и се вдахновија. За сето време Меланија се подвизуваше во строг пост, срдечна молитва и читање на Светото Писмо.

Имаше обичај секоја година трипати да го прочита целото Свето Писмо, Стариот и Новиот Завет. Со мажот ѝ живееше како со свој брат и соподвижник. Кога дојдоа во Александрија, зедоа благослов од светиот патријарх Кирил.

Потоа заминаа за Јерусалим и се населија на гората Елеонска. Овде Меланија се затвори и целата се предаде на богомислие, пост и молитва. И така проживеа четиринаесет години. Потоа излезе да им послужи на другите на патот кон спасението.

Основа машки и женски манастир. На покана од својот роднина сенаторот Волусијан, незнабожец, појде во Цариград и го обрати него во верата Христова (иако претходно блажениот Августин не успеа во тоа). Потоа, повторно се врати на Елеонската гора и таму се упокои во Господа, во 439 година, во педесет и седмата година од нејзиниот живот.

На оваа светителка, за помош и милост треба да и се обратите вака:

„Во тебе, мајко, побожноста сигурно е спасена, бидејќи со примањето на Крстот си го следела Господ Христос, со своите дела си научила да го презираш телото, сакајќи повеќе за душата бесмртни нешта, затоа и со Ангелите, света Меланија, твојот дух се радува“.

Света Меланија Римјанка се смета за заштитничка на жените и девојките. Молитвите до неа и до Богородица, верува народот, ќе донесе здравје и љубов на секоја дама.

Иако имала тежок живот полн со проблеми и тага, Преподобна Марија останала истрајна во својата вера и љубов кон Бога. Порди тоа денес се зема за заштитничка на сите оние кои животот ги ства пред тешки одлуки теститајќи им ја волјата.

За да од се излезат појаки и со цврста вера, секој кој ќе се нјде во невоља на денешен ден би требало оваа светителка да ја замоли за помош и милост.
Исто така Света Меланија Римјанка важи за заштитничка на жените и девојките. Молитвите кон неа и Богородица, народот верува, ќе и донесат здравје и љубов на секоја дама.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button