Реклама
Наши ѕвезди

Успеа да ја победи тешката болест – еве како изгледа сопругата на Тони МИХАЈЛОВСКИ, неговата најголема потпора во животот!

Реклама

Македонскиот актер Тони Михајловски е еден од најуспешните актери во нашата земја. Зад себе има многу филмови, театарски улоги, а публиката имаше можност да го гледа и како водител на емисијата „Опуштено“.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.

Маркетинг

Јавноста го памети и по неговите славни улоги во филмовите „Буре Барут“, „Панкот не е мртов“, „Трето полувреме“, „До Балчак“, а играше и во хит серијата „Сенки над Балканот“.

Освен што е дел од шоу бизнисот, Тони започна и своја политичка кариера. Стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека откако влегол во политиката многу луѓе ги изгубиле симпатиите кон него.

Маркетинг
ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

„Откако влегов во политика, луѓето ги сменија симпатиите кон мене. Навистина ми е жал поради тоа, јас ги имам истите човечки квалитети кои ги имав и пред десетина години“ , рече Михајловски.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

Изминатиов период освен пејачите и актерите останаа без ангажман. Поради мерките на Владата според кои е забрането било какво собирање, затворени се и театрите, а филмови не се снимаат. Но за актерот очигледно тоа не е проблем, затоа што тој веќе има работно искуство во различни професии.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

Деновиве актерот објави фотографија на која покажа дека пред да стане популарен бил вработен како обезбедување.

„Многу работи се работеле за преживување. И многу од нив, за само моја жал, немале никаква допирна точка со театарот, кој во овие времиња се покажа како не(толку)потребен, а уште помалку корисен.

Па сепак пријателствата, доживувањата, новите искуства кои се случиле за време на тоа преживување се бесценети“, напиша Михајловски во опис на фотографијата.

Актерот е горд татко на две деца – Александар, кој тргна по неговите стапки и Максим. Од 2017 година доби и нова улога – дедо. Неговиот син Александар и неговата избраничка Ангела добија дете.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук
ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

Освен што одлично се снаоѓа во професијата, тој одлично плива и во брачните води. Долги години е во брак со неговата сопруга Александра Јорева.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

Неодамна таа на социјалните мрежи одлуичи да си ја отвори душата и проговир за нејзината битка со канцерот.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

Пред неколку месеци 41-годишната Александра напиша емотивен статус преку кој им се заблагодари на сите кои ја поддржувале во борбата со болеста.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

„На 24.10.2019 година во Аџибадем Систина на генеколошко акушерскиот оддел бев примена за целосна хитерктомија со дијагноза adenocarcinoma serosum endometrii оперирана од врвниот тим на чело со мојот гениколог Митко Ивановски и Костадиновски. Едно големо благодарам прво на нив за брзата реакција и организација, операцијата траеше околу 4 ипол часа“ ја започна својата објава Александра и продолжи:

„Еве ме една година подоцна да се заблагодарам на дел од луѓето во мојот живот, за да се заврши се како што треба прво најголемо фала на Тони Шанац Михајловски за тоа што постои, на Јорев Љубчов Марко и Тамара Јорева што беа тука за мене и за Максим во тој период додека јас бев во болница“.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

„Да не заборавам дека многу важен дел во моето будење и лесно поднесување на анестезијата одиграа и соковите што ги конзумирав по препорака. На тој начин на исхрана и живот бев 7 месеци“.

„Не можам а да не ја спомнам Наташа Чокревска Зогравска, која беше покрај мене во постоперативните денови.

И Биљана патологот од онколошката болница во државна која посоперативно брзопотезно организираше се што треба од контроли и снимања КТ на абдомен и мала карлица, рнеген на плуќа и лабарториски анализи на кр в и ту мор маркери.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

Ми беше одредена хемотерапија 4 дози од др Дева Петрова, на секоја хемо терапија со мене имав по некоја од моите лавици кои храбро криејќи го стравот за мене седеа со мене по 6 часа додека отровот течеше во моите вени Бети Трпчева, Пејиќ Татјана, Лидија Јорева, Јасемин Џаси Арсова,Теа Јовановска, Јован Зафировиќ -Љупка“.

„Мојата Иванка Ина Василевска Македонска која секој ден ми велеше дека се ќе биде во ред и дека јас и требам и нејзе во животот не само на Максим и Тони и затоа Господ ќе ме чува. Молитвите на братми и целата истрајност моја и на сите околу мене. На Љупка Перот која не беше во мк но ми помогна многу“.

Борбата е голема советите секогаш добредојдени од сите. Морам да ја спонам Хани Достинова со нејзината колешка Органика Зенделовска кои без размислување застанаа до мене за совети и разговор.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

Моите Тања и Кико од Центар за ревитализација кои сеуште се со мене и се замараат за тоа јас да сум супер со нивната метода на регенерација на органи.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

Билјана Кирјазова, Бахарудин Јојо, која Асена Ројал Спа ми ја направи втор дом за да се осеќам во своето тело поубаво иако измалтертирано од се поминато. На моите колешки и на целиот тим од Централен регистар на Република Северна Македонија кои се полни со разбирање за мојата ситуација.

На мојата комшика Зденка Николовска, на Биба Додева која беше позитивна и ми даде ветер во грб заедно со Зденка. На наставничките на Максим Лина Матеска и Јованка Трпкова кои на нивни начин работеа со него во периодот додека јас бев ни на небо ни на земја.

ФОТО: Александра Јорева Михајловски / Фејсбук

„Бескрајно благодарам на Ана Камчева таа е лавица моја. И поклон до земја затоа што дознав колу сум силна и што се можам да издржам и со што се можам да се борам.
До сега во оваа година се направени повеќе контроли последната контрола пред не цел месец на чело со професор др. Зоран Трајковски и целиот тим од Систина.“

„Денес е мојот 1 роденден како сум чиста од канцер! Благодарна на Бога и на Мајкичка Богородичка. Ви благодарам што постоите луѓе! Сакајте се чувајте се, правете контроли и навремено реагирајте, телото ни кажува многу работи само треба да го слушаме“.

„Затоа што борбата е тешка, душата боли а умот има милион прашања. Знам дека не сум веќе иста никогаш и нема да бидам и ваква се сакам повеќе!“

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

„Да бидеме живи и здрави уште бар 100г.П.С Др. Ивановски рече дека ќе живеам уште 30г да не му ја мислам така да јас се држам на тој муабет.“

„Ете знаев дека ќе заборавам уште некој а тоа се Светлана Петровска која имаше нерви и желба да вежба со мене додека бев во никаква фаза.. нерви кабли и се тоа за мене.“

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

„Марија Костуранова која ме трпеше со моите хирови за наочари да си изгледам по ок кога бев без коса и слаба ко ано рексија. Има уште луѓе кои не се таганти а тие ќе се пронајдат и фала им многу за сите линкови за суплементи“, напиша Александра во објавата која сигурно ќе успее многумина да охрабри и да им даде сила во својата битка.

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

ФОТО: Тони Михајловски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button