Реклама
Вирално

Успеа да ја победи короната и да ја запроси девојката: Излезе од болница како победник, 11 дена беше парализиран

Реклама

Илјадниците случаи на коронавирусот во светот, покажаа дека вирусот може да предизвика низа компликации кои често завршуваат фатално по животот на пациентите.

Еден Англичанец на возраст од 42 години поради компликации од Ковид-19, бил парализиран 11 дена, но успеа да ја победи болеста благодарение на тимот од болницата „Дарент Вели во Дартфорд, во Кент.

Пол Скег е премен во болница на трети април и набрзо развил Гилен-Баров синдром, кој е исклучително ретка компликација предизвикана од вирусот што доведува до парализа.

Маркетинг

Тој едвај дишел, но во саботата собрал сили низ цевката, која му била ставена во душникот да ја запроси својата девојка преку апликацијата Фејстајм.

На трогателното видео, кое го сподели одделението на англиската Национална здравствена служба за која Пол работи веќе 24 години, се гледа како тој и неговата новопечена вереница Кети Лавендер ја напуштаат болницата проследни со аплауз.

Маркетинг

– Мислев дека ми се ближи крајот, па длабоко зедов воздух и ја запросив низ трахеотомската цевка. Кети се согласи, на големо воодушевување на вработените кои за него се грижеа на интензивна нега, вели д-р Кван.

Кети на Фејсбук групата на Здруженито на медицинските техничари кои работат на радиологија ја сподели веста за опоравувањето на вереникот:

– Пол Скег неверојатно брзо се опоравува. Бидејќи го победи Ковид-19 и се опорави од Гилен -Бареовиот синдром предизвикан од коронавирусот, денеска го посетив во болница и сега сме верени!

Таа им се заблагодари на членовите на групата за поддршка во „најтешките моменти“.

– Пораките на надеж и љубов беа спасоносни за мене и мајката на Пол и ѝ се заблагодаруваме на радиолошката заедница за тоа. Се надеваме дека сите ќе го зачуваат здравјето и ќе продолжат да ја вршат на неверојатен начин својата работа и со тоа да спасуваат животи.  Толку ви должиме вам и на сите здравствени работници!

Д-р Кван му оддаде признание на тимот од интензивната нега, како и на неуролозите од болницата кои применија „револуционерна“ терапија за да го излечат Пол. Станува збор за инфузија од имуноглобулин, екстракт од плазма од донирана крв.

-Без тоа, Пол можеби ќе беше многу подолго на респиратор. Неговото опоравуање е безмалку чудно, рече Кван.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button