Ужива со својот наследник: Стефан Богоев го покажа синот
Некогашниот градоначалник на Карпош викендов уживаше заедно со својот син. Богоев соопшти прекрасни вести и веднаш почнаа да пристигнуваат честитки.
Потпретседателот на СДСМ секојдневно ужива во својата нова улога – татко.
Стефан Богоев и неговата сакана Ивана минатата година го добија најубавиот животен подарок – синот Лука.
Инаку, сопругата на Богоев е дипломиран политиколог, а се занимава со мода, козметика и здрав живот.
Претходно беа 9 години во врска, а Стефан одлучи да ја запроси токму на нејзиниот роденден.
За нивната свадбена веселба се зборуваше долго после тоа.
Тие најпрво во јуни 2018 се заколнаа на вечна љубов во црквата Св. Пантелејмон, а потоа во септември направија и свадбена веселба.
За оваа прилика Ивана одбра уникатна венчаница која одлично ѝ прилегаше.
На нивната свадба присуствуваа голем број јавни личности, а за одличната забава се зборуваше со денови после свадбата.
Семејството Богоеви сега е побогато за уште еден член, кој секојдневно им го разубавува животот.
Гордиот татко на Инстаграм се пофали дека малиот Лука наполнил 8 месеци, а под фотографијата веднаш почнаа да се нижат честитки.
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев