Ужива во домашна атмосфера: Македонската водителка во ОПУШТЕНО ИЗДАНИЕ – еве со кого е на троседот
Македонската водителка покажа дел од својот дом во опуштено издание.
Eлена сподели стара фотографија со нејзината ќерка кога била бебе, додека двете уживаат на троседот од дневната соба.
Иако има работено на многу различни проекти, водителката Елена Стојановска долги години наназад е дел од утринската програма на Сител телевизија, а публиката ја обожава.
Елена плени со својата убавина, шарм, одмереност и дамско однесување.
Водителката важи за една од најубавите жени на нашата естрада, а многу пати зборувала и за тоа како се грижи за својот изглед и витка линија.
Таа е и една од ретките кои внимаваат на литературниот изговор и нагласок.
Таа во интервју за Гламур кажа дека нејзиното семејство ја прави среќна и ѝ го разубавува секој ден, но и дека големо задоволство ѝ претставуваат патувањата.
Таа е емотивно исполнета жена и за жал на многу мажи кои би сакале да е соло, таа ужива во љубовта со својот Огнен.
Од 2010 година е во брак со Огнен, а плод на нивната љубов е нивната ќерка Илина.
„Се опуштам со мојата Илина. Таа расте толку брзо и со неа се смеам вистински и од срце. Таа ми е ќерка, но во исто време си градиме и многу интересен другарски однос. Омилениот афтер ворк ми е кога спокојно со неа си го пијам попладневното кафе и ги откривам нејзините размислувања за нештата.
Искрено, јас многу работи учам од нејзината мала, умна, убава главичка“, кажа Елена за Гламур.
На Инстаграм Елена сподели стара фотографија направена кога Илина била бебе.
На фотографијата таа и Илина се во домашна атмосфера во опуштено издание, легнати на тросед.
Во описот Елена напиша:
„Буби моја кога беше мала и буцка и не се делеше од мене“.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска