Убавиот затвореник кој стана славен манекен ги згрози фанови со овој гест на улица, нема да му простат
Откако неговата затворска фотографија излезе во јавност, многумина се запрашаа можно ли е да е толку убав и фотогеничен, па модните агенции чекаа да му помине затворската казна за да му дадат ангажман.
Фамозниот Американец Џереми Микс имаше тежок живот и признава дека продолжил да прави грешки и да носи погрешни одлуки.
На 15 годни тој побегнал од дома и живеел на улица. Во тие години бил застрелан пет пати, при што еднаш едвај преживеал, а потоа завршил и во поправен дом.
После тоа законски го посвоила постарата сестра, но Џереми повторно завршил во затвор. Со години бил член на улична банда, а во затвор поминал повеќе од 10 години. Но по апсењето во 2014 година поради кражба и неовластено поседување оружје му се случи голем пресврт.
Фотографијата од полициската станица стана вирална, светските медиуми пишуваа за најсе*си затвореникот на светот, а тој почна да добива стотици мејлови и пораки секој ден.
„Единствено што ме спаси беше судијата кој ми ја намали казната од 6 години на 27 месеци. Ми рече да ја искористам можноста што ми се пружила. Ми помогна на толку начини“, рече Микс. Стана манекенска ѕвезда, водеше ревии во Милано и Њујорк, снимаше кампањи за светски брендови.
Пред три години беше во центарот на скандал кога неговите фотографии со младата наследничка Клои Грин излегоа во сите светски медиуми, и така неговата сопруга дозна дека извршил прељуба.
Тој ја остави Мелиса, со која има син, и ја продолжи врската со Клои, ќерка на британскиот милијардел Филип Грин, сопственик на Топшоп.
Минатата година добија дете, но пред неколку недели е објавено дека ја прекинале врската зошто наводно таа го мамела.
Џереми Микс во саботата е виден во својот кварт Малибу како влегува во продавница од брендот Ралф, со придружба на непозната жена.
Но 36-годипниот модел тотално ги разочара фановите кога остатокот од својот ручек го фрли низ совозачкиот прозорец.