Убави вести: Излекувани 200 лица, се намалува бројот на позитивни лица на коронавирусот во земјава
Убава вести од Прилеп и Сокопје.
Денеска нема ниту еден случај регистрирано на новозаболени лица од коронвирусот во Прилеп.
Остануваат само 117 евидентирани случаи, информираат од прилепската локална самоуправа.
Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти, инфорираше министерот за здравство Венко Филипче.
Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на заболени. По градови: Скопје – 2, Куманово – 9, Штип – 2, Тетово – 2, Велес – 1. Гостивар – 1 и Пехчево – 1.
Во моментов во светов има повеќе од 2.250.000 случаи на инфекција со вирусот корона. Американската страна има намера да го открие потеклото на вирусот корона, како и верзијата дали потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан, изјави во своето обраќање претседателот Доналд Трамп.
„Се случуваат многу чудни работи, но во тек се многу истраги, а ние имаме намера да дознаеме (да го откријат потеклото на вирусот). Сè што можам да кажам е дека без разлика од каде потекнува вирусот и во која форма, тој дојде од Кина, а 184 земји сега страдаат заради него“ – изјави Трамп на брифингот, одговарајќи на прашањето колку активно се истражува верзијата дека Ковид-19 потекнува од Вухан.
Претходно, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, побара од Кина да биде транспарентна во врска со потеклото на пандемијата, истовремено одбивајќи да ги потврди или негира извештаите на американските медиуми дека вирусот би можел да потекнува од лабораторија во Вухан.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Кина уште од самиот почеток се залагала за отворена и одговорна позиција за објавување на сите информации поврзани со епидемијата.
На 31 декември кинеските власти ја известија Светската здравствена организација за епидемија на непозната пневмонија во градот Вухан во централниот дел на земјата. Кинеските експерти на 7 јануари утврдија дека причината за заболувањето е вирусот корона 2019-nCoV (2019-nCoV), кој подоцна го доби службеното име КОВИД-19.
На 11 март, Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на новиот вирус корона во пандемија. Првите случаи на инфекција со овој вирус се забележани кон крајот на 2019 година во Кина.