Убавата ќерка на Топалко постојано е опкружена со луксуз, а новата ФОТОГРАФИЈА открива и како изгледа нејзиното момче
Фотографирани се заедно и тоа кога најмалку очекуваа
Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, Хелена Топаловиќ, ги полни весниците и порталите, и тоа најмногу со врските што ги имала со познати мажи.
Но веќе некое време не се знае многу за нејзиниот приватен и пред се’ интимен живот.
Таа на социјалните мрежи има преку 200.000 фанови кои секојдневно ги чести со провокативни фотографии.
Но многумина се прашуваат дали Хелена е во врска, а одговорот на ова прашање ненадејно стигна деновиве. Имено, фаталната Хелена беше фатена на „дело“ со своето момче додека чекаа да пристигне нивниот авион.
helena toplakovic sa deckom pic.twitter.com/LF74gmGhyb
— pensador (@sakriosamime) November 21, 2020
Фотографијата буквално ги запали социјалните мрежи бидејќи фановите на нејзиниот познат татко, а и нејзините, сакаат да знаат кој е нејзиниот емотивен партнер, но и како убавата Хелена изгледа во природно издание, без сите оние филтри што ги користи на објавите на Инстаграм.
На фотографиите што речиси секојдневно ги објавува на својот профил најчесто во преден план го истакнува нејзиното беспрекорно тело во скапа брендирана облека, а најчесто се фотографира на познати туристички дестинации.
Таа досега милион пати има покажано дека нема проблем да се експонира на ваков начин, а под секоја фотографија добива голем број лајкови и ласкави коментари од своите обожаватели на популарните социјални мрежи.
Нејзиниот татко очигледно не и забранува да го прави тоа, а во една пригода откри и дека таа убаво заработува на овој начин.
„Таа знае да заработи убаво од Инстаграм, гледам дека одлично се снаоѓа во своето време, одлично плива во сето тоа. Само да не биде пејачка, тоа е тешка работа“, изјави Топалко во една пригода коментирајќи ги нејзините „пикантни“ фотографии.
Погледнете некои од нив…