Убавата штипјанка во претходниот круг во шоуто Ѕвездите на Гранд ги ВООДУШЕВИ сите, но НЕ и овој пат тоа за неа беше крај
Марија Данева (20) од Штип во женскиот дуел имаше прилика да ја слушнеме со Александра Абсолут (20) од Белград.
Но за жал и двете не поминаа.
И Марија и Александра не ги исполнија очекувањата на претставниците на жирито и добија само по три гласови.
И покрај тоа што и двете не ги задоволија нејзините критериуми, Марија Шерифовиќ сепак и даде предност на штипјанката.
Од друга страна, Босанац изјави дека и двете се трудат и дека мора да поработат на техниката што бара секогаш убава фацијална експресија.
„За да го испеете текстот, мора да бидете грди додека пеете, а не убави. Мора да има борба за секој тон“, изјави тој.
„Нема песна додека не се испотиш“, се надоврза Бекута.
Потоа коментираше и Мили кој објасни дека сите кандидати мора да излезат од комфор зоната кога се на оваа сцена.
На крајот Саша Поповиќ пресуда дека ниту една од нив не заслужува да оди понатаму.
Инаку, шармантната штипјанка во шоуто изгледаше прекрасно, но и покрај нејзиниот одличен стил таа немаше среќа да го продолжи натпреварот.
Таа е згодна како манекенка и на сцената изгледаше прекрасно, а за настапот беше облечена во црна комбинација од панталони со висок струк и креација со интересен детаљ во горниот дел кој потсетуваше на крилја.
Но и покрај тоа што испеа одлично, и изгледаше уште подобро, тоа очигледно не беше доволно за да помине во следниот круг.
Сепак, Марија доби голема поддршка од своите фанови и покрај тоа што немаше среќа да помине во шоуто.
Во продолжение погледнете уште неколку нејзини топ модни изданија од социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева