Убавата Турчинка на медениот месец се соблече во кocтим за капење – БЛЕСКАШЕ и во ова издание како и на венчавката во Охрид
За венчавката од соништата на убавата актерка Ебру Шахин и кошаркарот Џеди Осман се уште се зборува.
Тие своето судбоносно да го кажаа на брод на Охридското Езеро, а потоа направија и свадбена церемонија во Турција.
Парот потоа замина на меден месец во Грција, од каде шармантната актерка ги објави и своите први фотографии во костими за капење и ги воодушеви сите.
Инаку, парот се сврши на семејна церемонија пред месец дена, истиот ден кога и беше роденден на познатата актерка.
Потоа тие се венчаа во Охрид, а за овој бајковит настан што се случи во Македонија се уште се зборува во цела Турција.
Нивните фотографии од венчавката се уште се вртат на социјалните мрежи, а сите им порачуваат дека се совршен пар.
Невестата изгледаше прекрасно како во Охрид, така и на раскошната прослава во Турција кога заблеска во малку поинаков фустан.
Тие свадбената церемонија ја направија на истата плажа на која што пред три години се запознале.
И додека во Охрид присуствуваа само најблиските пријатели и членови на семејството, настанот во Турција беше многу поголем.
Нивните објави за кратко време добија многу лајкови и коментари на социјалните мрежи, а еден од највпечатливите детали беше и црното Ламборџини на Џеди што беше користено како свадбен автомобил.
Овој луксузен автомобил пристигна од Америка и како што пренесуваат турските медиуми, вреди милион долари.
Истиот ден младата носеше три венчаници, додека младоженецот носеше костум од Ралф Лорен.
Како што пренесуваат медиумите, кошаркарот за венчавката потрошил половина милион долари, додека невестата за венчаниците околу 30.000 долари.
Ебру првото нешто што го направи по свадбата беше промена на нејзиното презиме на профилот на Инстаграм.
Таа сега е Ебру Шахин Осман.
Ебру и Џеди потоа продолжија со медениот месец на истата плажа на која што и се запознаа, а потоа заминаа во Грција.
Новопечената невеста на Инстаграм објави неколку нови фотографии на кои позираше во костими за капење.
Нејзиното весело расположение не остана незабележано, а не изостанаа и лајковите и коментарите за ова нејзино издание.
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии како Ебру и Џади уживаа во Охрид…
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин Осман