Убавата Суреа со нетрпение ја очекува ќерката: Актерката покажа како течат припремите за детската соба- фановите пресреќни, честитки пристигнуваат од сите страни
Не го открива името на наследничката...
38-годишната турска актерка Асли Енвер која важи за една од најбараните и најпознатите актерки во Турција се омажи по втор пат минатиот ноември за бизнисменот Беркин Гокбудак, а набргу потоа откри и дека е бремена.
Таа сега влегува во последните месеци од бременоста, а неодамна прв пат покажа како изгледа со трудничкиот стомак.
Убавата актерка извесен период е отсутна од екраните.
Асли Енвер сега е во седмиот месец од бременоста. Убавата актерка со своите фанови ги сподели подготовките за бебето.
Таа на својот Инстаграм профил, кој има 6,5 милиони следбеници покажа како тече подготовката за доаѓањето на наследничката.
Асли Енвер, која наскоро ќе роди ќерка на своите обожаватели им покажа како изгледа бебешката соба.
Во својата објава на Инстаграм, Асли сподели фотографија а во описот напиша: „Подготовката на бебешка соба бара сериозност“.
Името на ќерката на убавата актерка се уште е тајна.
Инаку, Асли пред да си ја пронајде среќата во бракот со бизнисменот Беркин Гокбудак имаше бројни љубовни неуспеси.
Таа денес има 38 години и важи за една од најбараните и најплатените актерки во Турција од помладата генерација, а публиката во Македонија ја запозна благодарение на серијата „Истанбулската невеста“.
Таа веќе има еден брак зад себе – со Биркан Сокулу. Нивниот брак заврши по три години бурен заеднички живот.
Потоа беше свршена за музичарот Мурат Буз, но и оваа врска не траеше долго, а конечно решија да се разделат во 2018 година.